Top Sport

Денвер го декласираа Милвоки

Денвер Нагетс, среде Милвоки ги декласираа актуелните шампиони со 136:130. Милвоки се петти на Истокот со скор 31-21, Денвер се на истата позиција на Западот со скор 28-21.

Нагетс, против Бакс доминираа во второто полувреме, откако по првиот дел стекнаа предност од пет поени. Во третата четвртина ги решија сите дилеми околку конечниот победник. Најдобриот играч на Нагетс, Никола Јокиќ, не играше во последната четвртина.

Актуелниот МВП на теренот мина 28 минути, забележа 18 поени, девет скока и 15 асистенции. Најефикасен играч на Денвер беше Арон Гордон со 24 поени. Милвоки го предводеше Јанис Адетокумбо со 29 поени.

Резултати: Детроит-Кливленд 115:105, Минесота-Јута 126:106, Орландо-Далас 110:108, Финикс-Сан Антонио 115:110.

Scroll to Top