Top Sport

Денвер има 3:0 против Минесота, Атланта против Бостон намали на 2:1

Кошаркарите на Денвер ја совладаа Минесота со 120:111 во третиот натпревар од првото плеј-оф коло на Западната конференција и го зголемија резултатот во серијата на 3-0. На Истокот, Атланта Хоук го победи Бостон со 130:122 и го намали резултатот во серијата на 2:1.

Никола Јокиќ натпреварот го заврши со трипл-дабл од 20 поени (9/13 од поле, 2/3 за три), 11 скока и 12 асистенции за 38 минути и комплетно ги доби дуелите со „кулите“ на Минесота Руди Гобер и Карл. Ентрони Таунс.

Ова за Јокиќ беше седми трипл-дабл во кариерата во плеј-офот, а пред него на вечната листа на центри е само легендарниот Вилт Чембрлен.

Најефикасен кај гостите беше Мајкл Портер со 25 поени (4/8 за три) со 9 скока и 2 асистенции, Џамал Мареј додаде 18 со 6 скока и 9 асистенции, а Арон Гордон и Кентавиус Калдвел Поуп по 14.

Во поразот од „волците“ се истакна Ентони Едвардс со 36 поени (10/22 од поле, 3/11 за три) со 7 скока и 5 асистенции, Ентони Таунс постигна 27 со 7 скока и асистенција, Гобер имаше 18 поени и 10 скока.

Следниот натпревар на распоредот е на 24 април во 3:30 часот по средноевропско време.

Треј Јанг го предводеше победничкиот тим со 32 поени и девет асистенции, додека Дежонте Мареј постигна 25. Богдан Богдановиќ и Садик Беј имаа по 15 поени, а Клинт Капела имаше дабл-дабл учинок со 10 поени и 11 скока.

Кај Селтикси се истакна Џејсон Тејтум со 29 поени и 10 скока, Маркус Смарт помогна со 24 поени и осум асистенции, а најдобриот шести играч во лигата Малком Брогдон постигна 17 поени.

Scroll to Top