Денвер Нагетс една победа ги дели од првата титула во историјата на франшизата. Во ноќта пред нас, Нагетс ќе имаат можност да стават точка на брилијантната сезона.
Логично е дека за овој натпревар, кој може да биде историски, вледее голем интерес.
„Денвер пост“, објави дека најскапите билети достигнле цена од 50.000 долари.
Најскапиот билет, според „Тикетмастер“, чини 50.000, а најевтиниот нешто повеќе од 1.600 долари. Достапни се и неколку билети за седишта недалеку од теренот по цена од 10.000 долари.
„Оние што имаат карти ќе имаат две опциии: да го задржат својот билет и потенцијално да бидат сведоци на историјата на Нагетс или да го препродадат за огромен профит“, пишува „Денвер пост“.
Натпреварот ќе започне во 2:30 часот по средно-европско време. Денвер води во серијата со 3:1.