Top Sport

Денвер ја прегази Атланта, дебитираше Гордон

Денвер Нагтес, ЛА Лејкерс и Портланд Трејлблејзерс забележаа победи изминатата ноќ во НБА лигата.

Денвер Нагетс ги декласираа Атланта Хоукс си 126:102. За Денвер дебитираше Арон Гордон со 10 поени. До победата Нагетс го предводеше Никола Јокиќ со 16 поени, 10 скока и осум асистенции. Најефикасен кај Нагетс беше Џамајкл Грин со 20 поени.

ЛА Лејкерс, беа Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, успеаја да ја прекинат низата од четири порази против Орландо Меџик. Лејкерс славеа со 96:93, против тимот кој пред неколку дена остана без тројцата најдобри играчи.

Денис Шридер со 24 поени беше најефикасен кај Лејкерси, Орландо го предводеше Двејн Бејкон со 26 поени.

Портланд, во Тампа, славеа над Торонто Репторс 122:117. Си Џеј Мекалум постигна 22, а Демијан Лилард 16 поени за Портланд, кај Репторс се истакна Паскал Сијакам со 26 поени.

Scroll to Top