Денвер Нагетс, во вторникот му врачи отказ на тренерот Мајк Мелоун.Серијата лоши резултати во финишот на сезоната, поради кои Денвер не само што ја загуби втората позиција, туку во последните два натпревари може да остане и без четвртото место, беа пресудни газдата на Денвер да се реши на ваков чекор.
Денвер Нагетс до крајот на сезоната ќе го предводи еден од помошниците на Мелоун, Дејвид Аделман, инаку син на легендарниот тренер на Портланд и Сакраменти, Рик Аделман.
Според американските медиуми, Аделман нема да остане на функцијата наредата сезона. Овие извори тврдат дека Денвер ќе му даде шанса на тренер од универзитетска, НЦАА.
Во прашање е Ден Харли, тренерот на Јукон. Двете страни покажаа интерес за воспоставување соработка, а се очекува наскоро да се сретнат и лично.
Харли е докажано тренерско име бидејќи освои две титули по ред со Јукон во 2023 и 2024 година.
Харли е тежок преговарач бидејќи минатата сезона ги одби ЛА Лејкерси. Има агресивен стил, бара извонредна тактичка прецизност, но е и исклучително способен да развива млади таленти. Тоа се трите работи кои му го препорачаа на Денвер.