Top Sport

Денвер Нагетс без Јокиќ поразени од Чикаго Булс

Денвер Нагетс, без Никола Јокиќ, доживеаја пораз во дуелот со Чикаго Булс (108:114). Актуелниот МВП прв пат од декември 2017 година не настапи за Денвер. Центарот има повреда на зглобот на десната рака.

„Го боли зглобот. Беше на магнетна резонанца. Мислам дека не ништо сериозно. Во исто време не сакаме да ризикуваме и да го ставам да игра со една рака. Неправедно е да побараме такв нешто.

Денвер без Јокиќ, Џамал Мареј и Мајкл Портер јуниор, не успеа да ја сочува предноста од првото полувреме. Кога ќе биде подготвен ќе се врати во тимот“, рекол тренерот на Денвер, Мајк Мелоун.

Деневер наредниот натпревар ќе го играат во понеделник, против Финикс Санс.

Во отсуство на Јокиќ, најефикасни кај Нагетс беа Ерон Гордон со 28 и Вил Бартон со 23 поени. Чикаго го предводеше Зек Лавин со 36 поени.

По третиот пораз во низа, Денвер, паднаа на табелата, со скор 9/7 тие се шестти на Западот. Чикаго Бул имаат 11 победи и пет порази и се трети на Истокот.

Scroll to Top