Top Sport

Денвер победија без Јокиќ, Дончиќ промаши шут за победа

Кошаркарите на Денвер Нагетс во третиот натпревар без Никола Јакиќ, ја забележаа првата победа. Денвер ги победија актуелните шампиони Голден стејт Вориорс со 112:110.

Нагетс по триумфот над Вориорс имаат скор 52-26 и им треба една победа во последните четири натпревари или пораз она Мемфис, за прв пат во историјата да ја освојат титулата во Западната конференција.

Денвер до победата над Вориорс го предводеа беше Мајкл Портер со 29 поени и 11 скока, односно Џамал Мареј со 26 поени, 3 скока и 8 асистенции.

Кај Вориорс, кои и покрај поразот се уште се шести на Западот со скор 41-38, најефикасни беа Клеј Томпсон со 25 и Стеф Кари со 24 поени.

Лејкерси им дишат во врат на Вориорс и на Клиперс, бидејќи имаат скор 40-38 откако го совладаа Хјустон на домашен терен со 134:109. Ентони Дејвис беше фантастичен со 40 поени и 9 скока, додека Леброн Џејмс го постигна 107. трипл-дабл во кариерата со 18 поени, 10 скока и 11 асистенции.

Во дербито на Истокот, Милвоки на домашен терен ја победи Филаделфија со 117:104, благодарение на 33 поени на Јанис Адтетокумбо. Брук Лопез постигна 21, Крис Мидлтон 19, а Боби Портис и Џру Холидеј по 18.

Сиксерси ги предводеше Тајрис Макси со 29 поени, Џоел Ембиид постигна 28 поени, 9 скока и 5 асистенции, додека Џејмс Харден постигна 11 поени ( 4- 9 од игра) и 6 асистенции.

Далас по едно продолжение доживеа пораз во Атланта 132.130. Лука Дончиќ во последните секунди промаши шут за победа. Овој пораз само ја продлабичи кризата во која се наоѓа Далас. Како сега стојат работите тие нема да играат во плеј-офот. Во моментов се 11. на Западот.

Кајри Ирвинг постигна 41 поен, а Дончиќ имаше 22 поени и по седум скока и асистенции. Атланта со 24 поени ја предводеше Дежноте Мареј.

Scroll to Top