Кошаркарите на Денвер Нагетс се наоѓаа пред елиминација уште во првата плејоф рунда. Нагетс синоќа беа поразени од Јута Џез со 127-129 во четвртиот меч од серијата. На Јута и е потребна уште една победа за да се пласира во наредната рунда.
Донован Мичел најдобриот играч на Јута не им дозволи на кошаркарите на Денвер да победат на овој меч. Мичел имаше одговор за секоја нивна закана. Мичеч постигна 51 поен. Поддршка доби од Конли (26 поени), Кларксон (24 поени) и Гобер (17 поени, 11 скока).
На спротивната страна се истакнаа Мареј со 50 поени и Јокиќ со 29 поени, 6 скока, 5 асистенции.
Наредниот, можеби и последен натпревар од оваа серија на програмата е во среда наутро.