Top Sport

Денвер се вратија од -25, Голден стејт ја прегазија Индијана (Видео)

Денвер Нагетс ги совладаа Мемфис Гризлис 95:92, а мечот го обележа неверојатниот пресврт на Нагетс кои во еден период имаа минус од 25 поени. Голден Стејт Вориорс убедливо славеа против Индијана Пејсерс 132:100, а победи забележаа уште и Бостон Селтикс, Атланта Хокс и Шарлот Хорнетс.

Мемфис Гризлис три четвртини доминираа против Денвер. Нагетс во последната четвртина започнаа да играат добро во одбраната, во последните девет минути на противниците им дозволија да постигнат само осум поени, ја стопија предноста и на крајот забележаа победа.

Враќањето во мечот дефинитивно го потврдија Мајк Бизли и Вил Бартон со две тројки во последната минута, кога Денвер го презеде водството. Последните поени на мечот ги постигна најдобриот играч на Денвер Никола Јокиќ.

Српскиот центар постигна 24 поени, Вил Бартон уфрли 20. Марк Гасол со 28 и Мајк Конли со 23 го предводеа Мемфис.

Актуелните шампиони Голден стејт Вориорс во Индијанаполис го прегазија домашниот тим на Индијана Пејсерс 132:100. Ова е десетта победа за Вориорс откако на тимот му се приклучи Демаркус Казинс. Стеф Кари во првиот дел погоди пет тројки од исто толку обиди, а гостите имаа предност 69:48.

Кари мечот го заврши со 26 поени, Казинс постигна 22, а по 16 поени уфрлија Кевин Дурент и Клеј Томпсон.

Шарлот Хорнетс славеа над Њујорк Никс 101:92, Бостон Селтикс ги победија Бруклин Нетс 112.104, додека Атланта Хокс победија во ЛА кај Клиперс 123:118.

Scroll to Top