Скромна понуда од само три натпревари во НБА лигата, во која Милош Теодосиќ дебитираше за ЛА Клиперс, а добра сезона за Оклахома Сити Тандер го најави триото Вестбрук-Ентони-Џорџ.
Дербито на Лос Анџелес им припадна на Клипрси кои славеа над Лејкерси 108:92. Во редовите на ЛА Клиперс дебитираше српскиот плејмејкер Теодосиќ, која з а21 минута на теренот имаше учинок од шест поени и исто толку асистенции.
Победникот го предводеа Блејк Грифин со 29 поени и 12 скока, односно Деандре Џордан со 14 кошеви и неверојатни 24 скока.
Кај ЛА Лејкерс во центарто на вниманието беше дебито на ѕвездата во најава Лонзо Бол, кој одигра лошнатпревар и постигна само три поени, на кои придодаде девет скока и четири асистенции.
„Езерциите“ ги предводеа Брук Лопез (20 поени, 6 скока) и Џордан Кларкстон (18 поени).
Кармело Ентони и Пол Џорџ имаа импресиво деби во дресот на Оклахома Тандер и победата над Њујорк Никс 105:81.
Оклахома ја предводеше староседелецот Расел Вестбрук кој оставри трипл-дабл (21 поени, 10 скока, 16 асистенции). Ентони на својот поранешен тим му уфрли 22 поени, додека Џорџ со 28 поени беше најефикасен кај победникот.
Кај Њујорк незапирлив беше Латвиецот Кристапс Прозингис со 31 поен и 12 скока, а само уште Енес Кантер (10 поени) успеа да постигне двоцифрен број на кошеви.
Торонто немаше проблеми во дуелот со Чикаго. Репторс славеа победа 117:100. Јонас Валанчиунас оствари двоен ефект од 23 поени и 15 скока, а Си Џеј Мајлс велгувајќи од клупата релизира 22 поени.
Центрите беа најдобри играчи на Чикаго, Робин Лопез постигна 18, а Финецот Лаури Марканен поен помалку, а и двајцата имаа по осум скокови.