Top Sport

Дерозан останал на терен по меч за да фрла 250 слободни?

Демар Дерозан, ѕвездата на Чикаго булс кој на преминот на новата година влезе во историјата со постигнување на две одлучувачки тројки во последната секунда во два натпревари, сега покажа фанатична посветеност на играта, откако по натпревар останал да тренира со 250 слободни фрлања.

По 102:98 победата на Чикаго над Орландо меџик, во меч во кој постигна 29 поени, Дерозан изјави дека не е задоволен што успеал да погоди само 7 од 13-те слободни фрлања, по што останал на теренот и според американските медиуми се обидел фантастични 250 пати.

Scroll to Top