Top Sport

На Јунајтед не им оди, Глејзери ќе соберат 11 милиони фунти дивиденда

Неколку дена откако Манчестер јунајтед играше очајно при 0:1 поразот од Вулверхемптон, семејството Глејзер се подготвува да добие 11 милиони фунти дивиденда од клубот, нешто што може да предизвика нови протести и бунтови кај навивачите.

Дел од навивачите на Јунајтед од нивното пристигнување во 2005 година, бараат заминување на американските газди, обвинувајќи го дека го „цедат“ клубот за лична корист, а во исто време не се грижат за спортскиот успех. Репутацијата им беше уште повеќе нарушена минатиот април, кога се приклучија на Европската Суперлига, предизвикувајќи насилни протести пред „Олд Трафорд“.

Според „Сан“, на состанокот на акционерите во петок, тие ќе добијат 11 милиони фунти кеш, откако во ноември се објави дека дивидентата на клуот е 0.09 долари (или 7 пени) по акција. Ова значи дека шесте члена на семејството Глејзер ќе ги добијат парите, бидејќи имаат 69 отсто од акциите во клубот. Тие собраа околу 23 милиони фунти во 2019/20, иако долгот на Јунајтед е фантастични 455 милиони фунти.

Според магазинот „Форбс“, семејството Глејзер „тежи“ 3.4 милијарди фунти.

Scroll to Top