Американскиот кошаркар Девонте Греем е новиот играч на Црвена Ѕвезда од Белград, објави белградскиот клуб.
Како што беше најавено, Греем (30) потпиша едногодишен договор со Црвена Ѕвезда.
„КК Црвена Ѕвезда од Белград ја информира јавноста дека новиот играч на нашиот клуб е Девонте Греем. Американскиот комбиниран бек потпиша договор со нашиот клуб во петокот и ќе претставува огромен поттик за Црвена Ѕвезда од Белград во натпреварувачката сезона 2025/26“, објави победникот на Купот „Радивоје Кораќ“.
Греем е роден на 22 февруари 1995 година во Северна Каролина.
Фото/ КК Црвена Ѕвезда