Top Sport

Џејмс: Би сакал да ја освојам титулата во Евролигата

Кошаркарот на Монако Мајк Џејмс и најдобa стрелец во историјата на Евролигата на прес-конференцијата по натпреварот со Црвена звезда изјави дека многу играчи ја освоиле Евролигата но само еден е најдобар стрелец.

„Не беше премногу тешко. Нема да станам премногу емотивен поради тоа додека еден ден не погледнам преку моето рамо и не се сетам на сè. Бев фокусиран на победа на натпреварот, не сакав да го соборам рекордот и да загубам. Би било чудно, не би можел да бидам среќен. Важно беше овој рекорд да не оттргне од она што е навистина важно и мило ми е што победивме“, изјави Џејмс и додаде дека со задоволство би ја освоил европската титула.

„Се обидов да ја играм мојата игра и да бидам свој. Го направив тоа, тој шут влезе и можев да продолжам понатаму. Сега можеме да славиме. Би сакал да ја освојам титулата во Евролигата, но тешко е да се каже. Многу играчи ја освоиле Евролигата, но само еден е најдобар стрелец. Можеби сум себичен, но ги сакам и двете“, заклучил Џејмс.

Scroll to Top