Најдобриот стрелец во историјата на Евролигата, Мајк Џејмс е пред потпис на нов тригодишен договор со Монако.
Американскиот плејмејкер очигледно кариерата ќе ја заврши во Монако, бидејќи во текот на минатата сезона во Евролигата најави дека договорот што ќе го потпише ќе му биде последен во кариерата.
Џејмс во претходната сезона стана најдобар стрелец во историјата на Евролигата, како и МВП на регуларниот дел од Евролигата.
Тој оваа сезона беше предводник на тимот на Монако, а очигледно ќе биде и во наредните години. Според првите информации Џејмс за три години ќе заработи девет милиони евра.
Монако и следната сезона ќе продолжи да гради тим кој ќе се обиде да атакува на „фајнал-фор“, а Џејмс повторно ќе биде лидер.