Џорџ Карл, поранешен НБА тренер, ги осуди Денвер Нагетс дека немаат соодветен тим околу Никола Јокиќ. Карл во богатата кариера бил тренер на 1.175 натпревари, неговите тимови забележале 824 победи. Во периодот од 2005 до 2013 година ги предводеше Денвер Нагетс.
Уште кога Јокиќ почна да доминира во НБА, Денвер се смета за тим чија игра се врти колу српскиот центар.
Честопати, сам на својот грб го носи тимот, но годинава се чини дека тој игра сам, бидејќи остатокот од тимот игра катастрофално.
За тоа говори и податокот дека загубија од Вашингтон, тим кој имаше 16 порази во низа, а Јокиќ имаше учинок од 56 поени, 16 скокови и осум асистенции.
Карл, од почетокот на сезоната ги критикува клупските челници, бидејќи во паузата меѓу двете сезони не повлекоа потези потези за да му ја олеснат работата на Јокиќ, а беше видно лут на натпреварот против Визардс.
„Јокиќ би требало последната четвртина да ја игра сам“, напиша Карл на „X“, а потоа додаде:
„Она што Нагетс му го прават на Џокер во неговите најдобри години, кока е во пикот на кариерата, треба да биде крешење на некои правила на НБА“.
Искусниот американски стручњак верува дека Јокиќ и покрај се ќе ја освои својата четврта МВП награда годинава. Тој има просек од 29,9 поени, 13,4 скока и 10,4 асистенции со 56 проценти шут од поле.
„Нагетс не успеаја, и тие ќе имаат четирикратен МВП бидејќи тој е толку доминантен. Може ли некој да го освои МВП трофејот, а неговиот тим да не влезе во плеј-офот?“ – се запраша Карл.