Top Sport

Ди Виченцо ги засили шампионите, Бронгдон во Индијана

Синоќа, на трансфер пазарот во НБА, активни беа шампионите Голден Стејт Вориорс и вицешампионот Бостон Селтикс. Двата тима ги засилија своите редови.

Вориорс потпишаа двегодишен договор вреден 9,3 милиони долари за бекот шутер, Донте Дивиченцо.

Дивиченцо пристигна во лигата во 2018 година кога беше избран во првата рунда на драфтот од Милвоки Бакс. Минатата сезона со Бакс ја освои шампионската титула.

Во февруари оваа година Бакс го трејдуваа во Сакраменто Кингс, а на 1. јули стана слободен играч. Во досегашната кариера тој има просек од 9 поени со 4,6 скока и 2,5 асистенции.

Селтикси сериозно се засилија на бековските позиции. Во Бостон пристигна Малколм Брогдон (29), од Индијана Пејсерс. За него во Индијана, Бостон ги испрати Арон Нејсмит, Даниел Тајс, Ник Стаускас, Малик Фитс, Џуван Морган и драфт од првата рунда следната година.

Брогдон е во НБА од 2016 година кога беше избран од Бакс во втората рунда на драфтот. Во Индијана играше од 2019 година. Минатата сезона во дресот на Пејсерс имаше просек од 19,1 поен, 5,9 асистенции и 5,1 скока.

Scroll to Top