Top Sport

Димитријевиќ не е во фокусот на Партизан

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е докажан навивач на Партизан, тој е слободен играч, но челниците на Партизан не ја разгледувале можноста за негов ангажман.

Бројни медиуми, домашни и странски, истиот ден кога Валенсија објави дека спогодбено го раскинала договорот со Димитријевиќ, 25. годишниот плејмејкер го поврзуваа со црно-белите.

„Спорт клуб“, повикувајќи се на свои извори, објави дека во Партизан во ниту еден момент не размислувале за кошаркарот кој предводеше Уникс до титулата во ВТБ лигата и беше МВП на финалната серија.

Раководството на Партизан е насочено кон задржување на поголемиот дел од постоечките сили, со оглед на тоа што договорите им истекуваат на сите странци, освен на Јам Мадар, како и на Алекса Аврамовиќ.

Според овој извор челниците на Партизан се фикусирани на преговорите со Кевин Пантер и Данте Ексум.

Димитријевиќ во неколку наврати потенцираше дека е голем навивач на клубот од Хумска.

„Моето семејство навива за Партизан и јас пораснав со Партизан. Бев во белградска арена во 2010 година кога Партизан против Макаби се пласираше на завршниот турнир во Евролигата. Се сеќавам на многу детали иако помина една деценија, а јас имав само 12 години. Атмосферата беше неверојатна, најдобра на натпревар во мојот живот“, изјави Димитријевиќ во интервју за „Спорт клуб“.

Инаку, според медиумите интерес за Димитријевиќ покажуваат Басконија, Баерн Минхен, Фенербахче, Зенит и УНИКС.

Scroll to Top