Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, сезонава го носи дресот на Зенит од Санкт Петербург. Димитријевиќ, летово се врати во Русија, откако имаше неуспешна сезона во дресот на Олимпија Милано.
Димитријевиќ е голем навивач на Партизан, тоа го потврди и во интервјуто за „Баскетбол Сфера“.
„Мојата голема желба беше да дојдам во Партизан, особено откако ја напуштив Валенсија. Мислам дека тогаш беше одлична можност, но никогаш не добив никаква конкретна понуда или интерес. Вистина дека имав голема желба, но повикот никогаш не се случи“, рече Димитријевиќ, а потоа го коментираше и заминувањето на Жељко Обрадовиќ од црно-белата клупа.
„Мислам дека е тажно за Евролигата и за Партизан што Жељко Обрадовиќ си замина. Мислам дека тој е најголемата легенда на клубот, тој е поголем од кошарката таму. Тоа е кошарката, дел од работата, понекогаш нема среќен крај“.
Foto/ EPA
