Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ би можел наскоро да се врати во Евролигата.
Руските медиуми пишуваат дека, кошаркарот на Зенит има понуда повторно да игра во елитното европско натпреварување по добрите игри во дресот на клубот од Санкт Петербург.
Оваа сезона, тој бележи 12 поени, 5,7 асистенции и 3 скока по натпревар во ВТБ лигата.
Минатата сезона настапуваше во Олимпија од Милано каде што не доби вистинска можност. Интерес за Нено покажува Баерн Минхен, на чија клупа седи поранешниот српски селектор, Светислав Пешиќ.
Тренерот Пешиќ верува дека на тимот му е потребен кошаркар кој може да игра на позициите еден и два, а Нено Димитријевиќ е идеален и некој што има искуство.
Foto/ EPA/Roberto Bregani
