Македонската кошаркарска репрезентација на најдобар можен начин ја започна втората рунда од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година.
Избраниците на селекторот Хозе Марија Берокал одиграа одличен натпревар во Виена и убедливо ја совладаа Австрија со 90:59, за голема победа на стартот од новиот претквалификациски циклус.
Ненад Димитријевиќ беше централна фигура во играта на македонската репрезентација. Новиот кошаркар на солунски Арис натпреварот го заврши со 15 поени, 14 скока и 10 асистенции.
Ефремовски реализираше 17 поени, додека Мозес Рајт, на дебито за Македонија, натпреварот го заврши со 12 поени и 9 скока, Мекиќ заврши исто така со 12.поени.
Следниот натпревар во претквалификациската група Ф македонската репрезентација ќе го одигра на 26 ноември, кога на домашен терен ќе ја пречека селекцијата на Кипар.
Foto. mkd.basketball
