Top Sport

„Димитријевиќ нека им објасни на Пандев и Лазаров зошто не игра за репрезентацијата“

Македонската репрезентација на Македонија, без Ненад Димитирјевиќ, ќе настапи во претквалификациите за пласман на Светското првенство. Кошаркарот на Валенсија не се појави на подготвките.

Селекторот Драган Бајиќ, не крие дека е разочаран од односот што го има Димитријевиќ кон националниот тим.

„Ненад Димитријевиќ, сакам да ја објаснам целата ситуација за да нема дамки околу моето име. Контактирав со него, му кажав дека сакам да биде лидер на оваа репрезентација во следните десетина години. Реков дека е исклучително потребен за да се пласираме во квалификациите. Му реков дека е можно да му дадам одмор понатаму. Јас подоцна имав повик само од неговиот менаџер кој побара Нено да се појави на 28 јули бидејќи имаше тешка задача.

Јас поминав преку некои свои принципи, во слична ситуација беше Вајли кој исто така дојде подоцна поради лични проблеми. Несфатливо ми е некој со 23 години да бара одмор, а 36-годишниот Бојан Трајковски доаѓа на секој тренинг и работи како да има 20. Следна работа беше тоа што јас бев известен од луѓето во Федерацијата дека Димитријевиќ нема да се појави на тренинзите. Јас нема ни да тужам, ни да барам причини, толку е од мене, тој не ме удостои да ми се јави и да ми ги каже причините поради кои не дојде. Ја има македонската јавност да ѝ објасни.

Го имате Горан Пандев кому не му е тешко на 37 години да игра за репрезентацијата, го имате Кирил Лазаров кој во петтата деценија гине за репрезентацијата, можеби треба да им објасни на нив“, рече Бајиќ.

извор/ kfsm.mk

Scroll to Top