Top Sport

Димитрис Итудис во Фенербахче

Тренерот на ЦСКА Москва, Димитрис Итудис, ги привршува преговорите со кошаркарскиот клуб Фенербахче. Итудис ќе го замени на клупата Александар Ѓорѓевиќ, кој пред почетокот на оваа сезона пристигна во клубот.

Итудис, кариерата ја започна како помошник на Жељко Обрадовиќ во Панатинаикос. По 13 години во Панатинаикос, една сезона како прв тренер работеше во Банвит, а потоа се пресели во ЦСКА.

Во Москва е од 2014 година, со овој клуб двапати ја освои Евролигата.

Димитирс Итудис е актуелен селектор на репрезентацијата на Грција.

Scroll to Top