Претседателот на кошаркарскиот сојуз на Хрватска, Дино Раѓа и селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Александар Ѓорѓевиќ се познаваат повеќе од 35 години.
Хрватот за Србинот зборуваше само во суперлативи. Раѓа за претстојниот Мундобаскет смета дека Србија е фаворит за највисок пласман.
„Објективно гледано, постојат 5-6 екипи кои се повеќе или помалку рамноправни, каде секој секого може да го победи. Пред се, кога ќе се влезе во тие елиминациски натпревари. Тука се Шпанците, Французите, Литванците, сепак Србија има врвен квалитет и сигурно може да конкурира за медал. Србија е најсериозниот конкурент за златото“ рече Раѓа.
Тој смета дека системот во српската селекција е над останатите.
„Го имаат селектор Ѓорѓевиќ, кој е врвен стручњак. Треба да му се препушти да го избере начинот на игра. Знае што прави, изгради добра атмосфера во тимот“ – смета екс-хрватскиот кошаркар.