Top Sport

Михајловиќ го носи во Болоња „питбулот“ Гари Медел

Италијанска Болоња пред крајот на преодниот рок ги засилува своите редови со искусниот чилеански репрезентативец, Гари Медел, пренесува „Газета дело Спорт“.

Турски Бешикташ, актуелниот тим на Медел, наводно се согласил за обесштетување од 2.5 милиони евра. Тоа би значело дека Медел ќе се врати во Серија А каде помина 3 сезони играјќи за Интер.

Во неговата богата кариера Медел чиј прекар е „питбул“ поради начинот на играње, настапуваше и за Бока Јуниорс, Севилја и Кардиф.

Договорот со Болоња ќе биде потпишан на 2 години со годишна плата од 1.7 милиони евра плус бонуси.

Чилеанецот за Бешикташ одигра 77 меча, а своевремено за Интер настапи на 91 меч.

За репрезентацијата на Чиле одигра 125 меча на кои има постигнато 7 гола.

Scroll to Top