Кошаркарската Евролига покрена постака против Жалгирис, за случувањата на натпреварот со Црвена звезда одигран во неделата.
Играчите на Црвена звезда, пред почетокот на натпреварот, одбија да го држат банерот во боите на украинското знаме на кој беше испишана порака „Запрете ја војната“.
Поради тоа кошаркарите на Црвена звезда трпеа навреди и провокации од трибините во текот на целиот натпревар. На дел од трибините беше истакнато знамето на НАТО алијансата.
Ова Евролигата го толкува како директна провокација.
Во своето образложение Евролигата наведе дека дисциплинската постапка против Жалгирис е покрената поради „политичка и национална провокација“.