Top Sport

Дискусија околу дресовите на Коби: Не барав да бидат повлечени двата броја

Поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Коби Брајант, се вклучи во дискусијата кој од неговите два дреса повеќе „заслужува“ да биде повлечен. Еден од најдобрите играчи во историјата на НБА лигата целтата кариера ја мина во Лос Анџелес, а ги носеше деросвите со броевите 8 и 24. Коби се пенизионира по завршувањето на сезоната 2015/2016.

„Не сакам ова да биде решено со гласање на навивачите. Иницијативата да бидат повлечени двата броја не ја покренав јас, туку некој од организацијата. Ако јас треба да избирам, тогаш тоа би бил бројот 24 бидејќи во тој дрес ја завршив кариерата“, рекол Брајант.

Челниците на ЛА Лејкерс решиле од употреба да ги повлечат двата броја на Коби што досегаш никогаш не се случило во НБА лигата. Свечената церемонија ќе се одржи на 18.декември.

Брајант во 1996 година беше избран како 13.пик на драфтот од страна на Шарлот но веднаш е трејдован во ЛА Лејкерс во замена за Владе Дивац.

Целата кариера ја мина во дресот на „езерџиите“, со кои освои пет титули, еднаш беше МВП на лигата,а два пати МВП на финалето.

Scroll to Top