Сакраменто кингс и официјално потврдија дека Лук Волтон како свој нов тренер, само неколку дена откако Лос Анџелес лејкерс го отпуштија по три лузерски сезони.

„Кралевите“ пак, претходно го отпуштија тренерот Дејв Јергер по 39-43 сезоната, најдобар резултат за тимот по 13 години. Волтон, пак, беше отпуштен еден ден подоцна откако повторно не успеа да ги однесе Лејкерси во плејофот, овојпат со Леброн Џејмс во тимот.

Генералниот менаџер на Кингс, Владе Дивац во средата се сретна со Волтон и двајцат абргу се договорија. 39-годишниот Волтон има 98-148 скор со Лејкерс во првата работа како професионалец и не успеа да влезе во плеј-офот сите три сезони. Претходно тој беше помошник-тренер во Голден стејт кај Стив Кер, со кои ја освои титулата во 2015 година.

Дивац претходно во тимот донесе неколку талентирани млади кошаркари, како Деарон Фокс, Бади Хилд, Марвин Бегли и Вили Коли-Стајн.