Објавена е листата на кандидатите за „генерацијата 2018“ за кошаркарската Куќата на славните во Спрингфилд. На листата има вкупно 179 имиња.
На интернационалната листа се наоѓаат легендите на југословенската, српската и хрватската кошарка: Ранко Жеравица кој почина пред две години, Владе Дивац, Дино Раџа и Тони Кукоч.
На американската листа се легендарните плејмејкери Стив Неш и Џејсон Кид, потоа еден од најдобрите шутери за три поени на сите времиња Реј Ален, членовите на шампионската генерација на Детроит Пистонс Ричард Хамилтон и Чонси Билапс и поранешната суперѕвезда Грент Хил.
На лстата исто така се и Крис Вебер, Бен Валас, Магзи Богз, Тим Хардавеј…
Имињата на финалистите на овој избор ќе бидат објавени во февруари, кога ќе се одржи „Ол стар“ викендот, додека конечниот избор на „класата 2018“ ќе биде соопштен во март за време на одржувањето на завршниот турнир во НЦАА во Сан Антонио.