Top Sport

Црногорски ракометар вмешан во шверц на 200 кг. кокаин

Црногорскиот ракометар Александар Свитлица е вклучен во истрагата на германското обвинителство за шверц на 200 килограми кокаин од Јужна Америка во Германија. вредноста на дригата се проценува на 50 милиони евра.

Германското обвинителство го товари 35-годишниот ракометар дека на првоосомничените им помогнал да побегнат. Според обвинителството Свитлица ги резервирал авионските билети, и им обезбедувал пари за патувањата.

Ракометарот веќе бил испрашанод обвинителите, минатата ноќ ја минал во притвор, а потоа е пуштен да се брани од слобода.

Свитлица е поранешен репрезентативец на Црна Гора, а негов актуелен клуб е Минден со коги има договор до јуни 2018 година.

Scroll to Top