Top Sport

Џејмс Харден навива за Јувентус и Пауло Дибала

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала доби посебна видео-порака од САД, поточно од новиот кошаркар на Бруклин нетс, Џејмс Харден.

„Како оди Дибала? Само сакав да те поздравам и да ти кажам дека сум твој огромен фан. Многу среќа во сезоната“, вели Харден во видео-пораката објавена на Твитер профилот на Јувентус, секако облечен во црно-белиот дрес на славниот италијански клуб.

Дибала му одговори со кратка порака: „Убаво ти стои црно-бело“.

Scroll to Top