Италијанскиот кошаркар Алесандро Џентиле потпишал договор до крајот на сезоната со шпанскиот прволигаш Естудијантес.
Џентиле решил кариерата да ја продолжи во Естудијантес, откако во летниот камп не успеа да обезбеди договор со Хјустон Рокитс.
Минатата сезона, поранешниот италијански репрезентативец, играше за Виртус од Болоња. Во италијанскиот шампионат имал учинок од 17 поени и шест скока по натпревар.
Најдобрите години во својата кариера Џентиле ги имал во Арамни Милано (2011-2016), а откако неговата форма започна да се движи по надолна линија играл за Панатинаикос и Хапоел од Ерусалим.
Естидијантес, со натпревар помалку, се наоѓа на деветтото место во Шпанија, со две победи и три порази. Џентиле за својот нов клуб ќе дебитира в недела против Хувентуд.