Top Sport

Коби амбасадор на Мундобаскетот

НБА ѕвездата, Коби Брајант е именуван за амбасадор на Светското првенство во кошарка, кое наредната година ќе се одржи во Кина.

Брајант кој во кариерата има освоено пет шампионски титули во НБА лигата со ЛА Лејкерс, а со репрезентацијата на САД, два пати победил на Олимписките игри е еден од најдобрите кошаркари во историјата.

ФИБА наведе дека тој е избран за амбасадор на Светското првенство, бидејќи од сите НБА ѕвезди има најмногу навивачи во Кина. На социјалните мрежи тој има 6,4 милиони следбеници од Кина.

Претходно, статус на амбасадор на СП доби и најдобриот кинески кошаркар во историјата, Јао Минг.

Брајант треба да помогне во промоцијата на Мундонаскетот и ќе биде од многубројните активности што ќе се организараат во пресрет на СП. На Мундобаскетот во Кина прв пат во историјата ќе учествуваат 32 репрезентации.

Светското првенство во Кина ќе започне на 31.август 2019 година.

Scroll to Top