Кошаркарот на Денвер Нагетс Џереми Грант ќе ја искорости опцијата во договорот како слободен агент да го тестира пазарот. Договорот според кој треба да заработи 9.300.000 долари на Грент му истекува наредната сезона.
Целта на Грент е да обезбеди подобар договор, помеѓу 14 и 16.000.000 долари годишно. Една од опциите е и да остане во Денвер доколку клубот ги прифати неговите услови.
Според американските медиуми тој сигурно ќе остане во Денвер. Клубот има простор во „селер капот“ бидејќи договорите им истекуваат на Пол Милсап кој има годишна плата од 30.000.000 долари и на Мејсон Пламли (14.000.000 долари).