Top Sport

Џереми Лин заплакал пред новинарите (Видео)

Доскорешниот плејмејкер на Торонто Репторс, Џереми Лин, пуштил солзи додека се дружел со медиумите на Тајван. Договорот на Лин со Торонто истече со завршувањето на сезоната, а како стојат работите тој нема да добие понуда од некој НБА тим.

„Постои изрека – кога еднаш ќе го допреш дното, единствениот начин е да одиш горе. Меѓутоа, мене ми се чини дека дното е се подлабоко и подлабоко“, рекол Лин и продолжил.

„Претходниот период беше тежок за мене. Чувствувам дека НБА се откажа од мене. Секогаш сум знаел дека доколку на некого му дадам причина да се сомнева, дека тоа и ќе се случи“.

Лин во НБА дебитираше во 2010 година во дресот на Голден стејт Вориорс. Подоцна играл за Њујорк Никс каде доживеа целосна афирмација во сезоната 2011/2012, Хјустон, ЛА Лејкерс, Шарлот, Бруклин, Атланта и Торонто.

Искусниот бек ја освои титулата со Торонто иако во плеј-офот одигра само 27 минути.

Интерес за неговите услуги покажале од редовите на европскиот првак ЦСКА Москава, а наводно имал и неколку понуди од Кина.

Scroll to Top