Италијанскиот кошаркар, Луиџи Датоме ќе го носи дресот на турски Фенербахче и во наредните три сезони, соопштија од клубот. Го продолжи договорот до 2022 година.
„Продолжуваме да градиме тим пред новата сезона во која сакаме да освоиме трофеи во сите натпреварувања во кои ќе учествуваме. За да ја оствариме целта, го продолживме договорот со Џиџи Датоме, кој „жолто-црниот“ дрес ќе го носи до крајот на сезоната 2021/2022“ – се наведува во соопштението од клубот.
Датоме е играч на Фенер од 2015 година и за четирите сезони во Истанбул со клубот ја освои Евролигата, трипати беше шампион на Турција и двапати триумфираше во Купот со клубот.
Минатата сезона во просек имаше по 9 поени со 3.6 скокови на меч во европските натпревари.
Фенербахче вчера соопшти дека нов тригодишен договор доби и Гркот, Костас Слукас.
Gigi Datome (@GigiDatome) ile üç sezon daha!
?https://t.co/0FJyrpzaid pic.twitter.com/7iQ0lz7ENE
— Fenerbahçe Beko (@FBBasketbol) July 2, 2019