Top Sport

Барселона одбиле понуда за Дембеле

Челниците на Барселона ја одбиле понудата на Баерн Минхен од 70 милиони вра за францускиот репрезентативец Усман Дембеле.

Медиумите во Шпанија тврдат дека во Барселона би прифатиле понуда од најмалку 100 милиони евра за фудбалерот кој пред две години пристигна на „Ноу Камп“ од Дортмунд.

Баерн ова лето останаа без легендите Аријан Робен и Франк Рибери и во клубот мислат дека Дембеле би бил идеална замена.

За Дембеле постои и опција да заврши и во Пари Сен Жермен како дел од евентуалниот трансфер на Нејмар.

Scroll to Top