Бекот на Минесота Тимбервулфс Џими Батлер ќе мора да го оперира повреденото колено на десната нога. Батлер се повреди пред два дена на натпреварот против Хјустон.
Клубот не соопшти колку Батлер ќе отсуствува од кошаркарскте терени, а според американските медиуми паузата ќе биде помеѓу четири и шест недели.
Тоа значи дека тој би се вратил во тимот пред почетокот на плејофот.
Минесота во монентов е на четвртата позиција во Запдната конференција со скор од 36 победи и 26 порази.
Џими Батлер е еден од најзаслужните за добрите резултати на Минесота тој во просек по натпревар постигнува 22,2 поени, 5,4 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки.