Top Sport

Вориорс ја декласираа Оклахома, победија и Лејкерс, Бостон, Портланд (Видео)

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ги декласираа Оклахома Тандер во дербито на вечерта во НБА лигата. Актуелните шампиони славеа со резултат 112:80.

Голден Стејт на полувреме имаше предност од седум поени, а прашањето на победникот го реши во третата четвртина по која резултатот беше 84:66.

Кевин Дурент против својот поранешен тим постигна 28 поени, додека Стеф Кари уфрли 21 поен.

Оклахома ја рпедводеше Расел Вестбрук со 15 поени, 12 скока и 7 асистенции.

Голден Стејт има скор 46-14, додека Оклахома е на 34 победи и 27 порази.

Лидерот во Источната конференција Бостон Селтикс славеше во Њујорк против Никс 121:112. Кајри Ирвинг беше прво има на натпреварот со 31 поен, девет скока и 8 асистенции.

Поранешниот играч на Кливленд во нападот поддршка од Џејлен Браун (24 поени).

Портланд победи во Феникс 106:104 благодарение на Демијан Лилард кој постигна поени во последната секунда. Со воие поени тој само ја заокружи својата брилијантна партија (40 поени, 10 асистенции). Репрезентативецот на БиХ, Јусуф Нуркиќ за Портланд запиша „дабл-дабл“ од 14 поени и 13 скока.

ЛА Лејкерс го добија дуелот со Сакраменто 113:108. Лејкерси триумфираа благодарение на Кентавијус Колдвел-Поуп кој постигна 31 поен, а Ајзеа Томас застана 17 кошеви. Српскиот бек Богдан Богдановиќ за Сакраменто уфрли 21 поен, на кои придодаде 6 скока и 4 асистенции.

Минесота, иако без еден од најдобрите свои играчи Џими Батлер, лесно го победи Чикаго 122:104. Четворица се истакнаа во тимот на Минесота: Џиеф Тиг (25 поени, 7 скока, 7 асистенции), Ендрју Вигинс (23 поени)Карл-Ентони Таунс (22 поени, 13 скока), Таж Гибсон (19 поени, 10 скока).

Екс играчот на Минесота Зек Лавин со 21 поен, 6 скока, 7 асистенции беше најефикасен кај Чикаго.

Јута, во неизвесен натпревар успеа да слави против Далас 97:90. Одново блескаше дебитантот Донован Мичел кој постигна 25 поени.

Мајами го растури Мемфис 115:89. Екипата од Тенеси го запиша деветтиот пораз во низа. Тајлер Џонсон со 23 беше најефикасниот играч на Мајами.

Scroll to Top