Легендарниот аргентински кошаркар, Емануел „Ману“ Џинобили ќе биде примен во Куќата на славните во Спрингфилд.
Брилијантниот Аргентинец имаше голема клупска и репрезентативна кариера. Во Европа најголемиот успех го забележа со Виртус Болоња, кога во 2001 година ја освои Евролигата и беше прогласен за МВП на завршниот турнир.
НБА кариерата ја започна во 2002 година, 16 години го носеше дресот на Сан Антонио Спарс. Со франшизата од Тексас освои четири шампионски титули, во 2008 година ја доби наградата за најдобра шести играч во лигата.
Со репрезентацијата на Аргентина бил олимписки шампион во 2004 во Атина и трет во 2008 година во Пекинг. Има и светско сребро од мундијалот во Индијанаполис во 2002 година.
Покрај Џинобили, во Куќата на славните, ќе бидат примени Тим Хардавеј и легендарната кошаркарка Свин Кеш и тренерите Џорџ Карл и Боб Хагинс.