Top Sport

Џордан Лојд ја одбил понудата на Макаби

Кошаркарите на Црвена звезда, синоќа, забележаа победа над Макаби 76:64, во претпоследното коло, во Евролигата. Најдобра на теренот беше Џордан Лојд со 21 поен, седум скока и четири асистенции.

Гостувањето во Белград, луѓето од Макаби, го искористиле за преговори со Американецот Лојд. Макаби сака да го види Лојд во жолтиот дрес, за таа цел му понудиле плата од 650.000 евра.

Според медиумите, Лојд без размислување ја одбил понудата на славниот израелски клуб.

Џордан Лој, кој има шампионски прстен со Торонто Репторс, оваа сезона во Евролигата има просек од 17,4 поени, 3,5 скока, 3,3 асистенции и 1,2 украдени топки по натпревар.

Scroll to Top