Top Sport

Џордан меѓу 1.500 најбогати луѓе во светот

Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, се наоѓа на листата на 1.500 најбогати луѓе во светот. Според листата што ја објави магазинот „Форбс“, Џордан „тежи“ 1,65 милијарди долари, а само минатата година тој заработил 350 милиони долари.

Џордан добро знае како и каде да ги инвестира своите пари, а во тоа најмногу му помага неговиот бренд „Џордан“.

Тој на листата на 1.500 најбогати луѓе во светот се наоѓа на 1.477 место, додека во САД тој е на 450.место.

Инаку, легендата на Чикаго Булс, во сопственост ја има и НБА франшизата Шарлот Хорнетс.

Scroll to Top