Химки стигна до многу важна тесна 98:90 победа над Будуќност во Подгорица предводени од феноменалниот Џордан Мики, кој ја имаше партијата на сезоната.
24-годишниот Американец постигна 25 поени откако беше 7-од-9 од рекетот и 2-од-3 од тројки, а оствари и четири скока и имаше една асистенција. Рускиот тим стигна до предноста во одличното второ полувреме не дозволувајќи Будуќност да стигне до седмата победа во Евролигата.
Макаби пак, стигна до драматична 65:64 победа над Олимпијакос откако Скоти Вилбекин го постигна победничкиот кош на само 5 секунди пред крајот на мечот во Тел Авив за подобрување на скорот на 10-12 со надежи за пласман во плеј-офот. За Олимпијакос пак, ова е трет пораз во низа и сега тие се на 12-10.
ЕВРОЛИГА, 22.КОЛО
Анадолу Ефес – Гран Канарија 93:74 (26:19, 17:27, 26:14, 24:14)
Будуќност – Химки 90:98 (20:22, 26:23, 19:23, 25:30)
Макаби Тел Авив – Олимпијакос 65:64 (14:16, 12:13, 19:13, 20:22)
Барселона – Жалгирис Каунас 78:72 (23:20, 22:18, 15:24, 18:10)