Top Sport

Џордан: Ништо не може да се спореди со моите шест титули

Легендарниот Мајкл Џордан истакнал дека во иднина тешко дека некој ќе го повтори она што сезонава го прават Џејмс Харден и Расел Вестбрук, но дека во спортот многу потешко е да се освојуваат шампионските трофеи.

Харден (Хјустон) на последните 30 натпревари постигнал најмалку 30 поени, додека Вестбрук (Оклахома) на десет натпревари, во низа, забележал трипл-дабл. Двајцата влегоа во историјата на НБА лигата.

Најдобриот во историјата на кошарката се согласува дека вакви остварувања се брилијантни, но…

„Од играчка перспектива, што е потешко? Да се постигне ова или да се освојат шест титули. Верувам дека е многу потешко да освоите шест титули“, рекол Џордан алудирајќи на своите шампионски прстени освоени со Чикаго Булс, во деведесеттите години од минатиот век.

Scroll to Top