Top Sport

Џордан продаде дел од Шарлот хорнетс, но останува главен сопственик

Мајкл Џордан продаде дел од НБА тимот Шарлот хорнетс на двајца бизнисмени, но и по зделката ќе биде мнозински сопственик на тимот.

Во соопштението кое го објавија Шарлот, потврдено е дека Гејб Плоткин и Даниел Сандхајм ќе бидат дел од сопственичката структура на клубот и ќе работат во „заднина“, додека Џордан ќе ја заддржи контролата за правење одлуки во клубот.

„Возбуден сум што можам да им посакам добредојде на Гејб и Ден како мои партнери во Хорнетс. Јас ќе ги носам одлуките за тимот и организацијата и ќе останам гувернер на тимот, но инвестицијата на Гејб и Ден е фантастична вест, бидејќи ќе помогне да се модернизира тимот и да се натпреварува со најдобрите во НБА лигата“, изјави Џордан во соопштението на Хорнетси.

Џордан е вклучен со Хорнетс од 2006 година, кога стана малцински сопственик кога тимот уште се викаше Бобкетс. Во 2010 тој ја презеде контролата на тимот и стана единствениот Афроамериканец сопственик на НБА тим.

Под негово водство тимот немаше многу успеси, со само три пласмани во плеј-офот, во кои губеа во првото коло.

Scroll to Top