Top Sport

Реал би го дале Крос да го добијат Погба

Реал Мадрид ќе им го понудат Тони Крос на Манчестер јунајтед за да го добијат толку посакуваниот потпис на Пол Погба веќе во јануари, тврди германскиот „Спорт билд“.

Покрај „сагата“ околу Нејмар и неговата желба да се врати во Барселона, наводниот „готов“ трансфер на Погба на „Бернабеу“ беше најголема тема во летниот преоден рок, но на крајот Јунајтед ги одбија сите понуди и сакаат да го обврзат Французинот на продолжен договор со „ѓаволите“.

Според изворите на „Билд“, англискиот клуб е заинтересиран за Крос, и дури постоел контакт со него во текот на пролетта, кога понудиле 75 милиони евра за германскиот репрезентативец, што било една од главните причини Реал да му го продолжат договорот до 2023 година.

Scroll to Top