Top Sport

Вакво нешто во НБА не се случило 70 години

Кошаркарите на Бруклин Нетс синоќа одиграа катастрофален меч против градските ривали Њујорк Никс. Бруклин сe поразени 82:94 од тимот со најлош скор во НБА лигата.

Нетси синоќа забележаа негативен рекорд каков не се памети во 70 годишната историја на лигата. Во текот на целиот натпревар кошаркарите на Нетс погодиле само осум шутеви за два поени (промашиле 20 шутеви).

Ваква лоша шутерска вечер немал ниту еден клуб откако во 1979 година е воведена линијата за три поени и откако е воведено временското ограничување на нападот во 1954 година.

Последен пат кога кошаркари на некој клуб погодиле помалку шутеви за два поени се случило во 1950 година на натпреварот помеѓу Лејкерс и Пистонс.

Играчите на Бруклин Нетс лошо шутирале и за три поени, а имале 50 обиди. Принс промашил девет тројки (1/10), Динвиди шест (3/9),Темпл и Херис по пет (2/7), Чендлер ги промашил сите шест шутеви.

Scroll to Top