Top Sport

Доби „клоца“ од ЦСКА, сега го сакаат во Нујорк Никс

Доскорешниот кошаркар на московска ЦСКА, Мајк Џејмс по успешната кариера што ја изгради во Европа најверојатно ќе се пресели во НБА лигата, во екипата на Њујорк Никс.

„Њујорк пост“ објави вест дека Никси ја разгледуваат опцијата за доведување на квалитетниот бек кој со ЦСКА имаше просек од 19,3 поени сезонава во Евролигата.

Никси се двоумат дали да најдат замена за Алекс Буркс кој испадна од ротација поради Ковид 19 протоколите.

Џејмс кој во август ќе наполни 31 година. Тој би бил искусно засилување затоа што досега настапувал за колеџите Источна Аризона, Ламара, па играше во Загреб, Хапоел, Басконија и Панатинаикос.

Се проба и во НБА, во екипите на Феникс Санс и Њу Орлеанс Пеликанс, по што повторно заигра во Европа.

Оваа година влезе во кавга со Управата на ЦСКА и тренерот Димитрис Итудис, по што „доби клоца“ од Москва и стана слободен играч.

Scroll to Top