Top Sport

Добри вести за Голден стејт – Томпсон може да тренира со соиграчите

Еден од најдобрите шутери во НБА лигата Клеј Томпсон една година по операцијата на предните вкрстени лигаменти во коленото доби дозвола од лекрскиот тим на Голден стејт Вориорс да може да тренира.

Томпсон се повреди во финалната серија против Торонто, а ги оперираше лигаментите на почетокот на јули минатата година.

Бидејќи на почетокот на сезоната се повреди и Стеф Кари, а Кевин Дурент претходно се пресели во Бруклин Нетс Голден стејт забележаа само 15 победи на 65 натпревари.

Тие нема да играат во завршницата на сезоната во Орландо бидејќи не беа меѓу најдобрите 24 екипи во НБА.

Scroll to Top