Top Sport

Докторот на ЦСКА Москва почина од последиците на корона вирусот

Докторот на ЦСКА Москва, Роман Абжелилов починал од последиците од корона вирусот, по позитивниот тест на 1 мај, потврдија од актуелниот шампион од Евролигата.

44-годишниот Абжелилов зад себе остави сопруга и две деца. Пред да стане прв доктор на ЦСКА Москва во 2014 година беше член на Химки, а исто така беше дел од лекарскиот тим на руската кошаркарска репрезентација.

„Најискрено сочувство до семејството и пријателит на нашиот Роман од сите ’Армејци’ и сите кои се обидоа да му помогнат на Роман. Тој беше прекрасна личност и еден од омилените во нашиот клуб“, напишаа од ЦСКА на официјалната веб-страница.

Scroll to Top